|
Бетон Декор ДООЕЛ - Неготино
Изработуваме бетонски елементи за ограда за секаква местоположба и во неколку форми и дезени. Бетонските огради се монтираат лесно и брзо во зависност од подлогата. Се монтираат на веќе постоечки бетонски оградни ѕидови или на земјени подлоги со бетоснки украсни столбови. Нијансите и боите се по желба на клиентот. Технологијата е увезена од странство и е нова на нашите простори. Бетонските платна и столбови се армирани и изработени од висока марка на бетон. Трајноста на овие марки бетон е неограничена. Бетонските платна се со различни висини а должината кај сите е идентична (200 цм) со дебелина од 4,5 до 5 цм. |
